Соопштенија

Обуки за семејно земјоделство

Posted by:

Повик за учество на обука

Националниот комитет за семејно земјоделство (НКСЗ) на Република Македонија, во рамките на своите програмски активности, во текот на месец Септември 2017 година ќе организира 4 обуки со цел да ги зајакне капацитетите на лицата и здруженијата/организации  кои се директно вклучени во работа на семејните земјоделски стопанства, или како правни лица истите ги помагаат. Повеќе за НКСЗ може да прочитате на следната интернет страница: www.ncffm.mk

Цел на обуките: Очекувана цел по обуките се зајакнати капацитети на над 80 лица кои што активно ќе работата во рамките на НКСЗ на лобирање и застапување за подобрување на состојбите со семејното земјоделство во Република Македонија од различни аспекти.

Број на обуки: Во рамките на програмата, ќе бидат организирани 4 дводневни обуки (со по две ноќевања во работни денови), на кој што ќе бидат поканети по 20 лица, од различни региони. Приоритет ќе имаат жени кои се активно вклучени во работата на земјоделски стопанства од рурални средини.  Сите обуки според дневниот ред се идентични. Секое земјоделско стопанство или организација/институција може да предложи само по еден учесник. Еден ист учесник може да учествува само на една обука.

Термини за обуки :

Обука 1 : 11-13 Септември, 2017

Обука 2 : 13-15 Септември 2017

Обука 3 : 17-19 Септември 2017

Обука 4 : 19-21 Септември 2017

 

Дневен ред за обуката:  Предлог на дневен ред за обуките може да превземате тука. (Дневниот ред е во изработка и ќе биде достапен наскоро.)


Теми на обуките:
Темите кои што ќе се обработуваат на обуките се исти без оглед за кој термин се пријавувате.  Ве молиме да одберете до два термини кој што првично најмногу Ви одговараат согласно Вашето време и можност да присуствувате. Доколку Вашата апликација биде прифатена, од тие првично две предложени обуки, Вие ќе може да учествувате само на една обука. Организаторот ќе направи напори да Ви предложи термин според Вашиот интерес.

Пристигнување и заминување на учениците: Пристигнувањето на учесниците е предвидено да биде првиот работен ден до 16 часот, и заминување третиот ден по 14 часот.

Локација на обуки: Локацијата на обуките ќе се утврди според Вашиот интерес. Ве молиме одберете најмалку две локации од листата подолу. Согласно интересот на кандидатите, организаторот ќе направи напори обуките да бидат организирани во тие градови. Сместувањето ќе биде во еднокреветни и двокреветни соби.

Надомест на трошоци: Трошоците за храна и за сместување ќе бидат надоместени од страна на организаторот.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да контактирате со нас на следниот телефонски број: 078-279-067 и електронска пошта cdi.dubravka@gmail.com

Повикот е отворен се до пополнување на местата. Ги охрабруваме сите заинтересирани да аплицираат во што е можно по краток временски период.

 

Доколку сте заинтересирани за учество, Ве молиме да го пополните формуларот подолу:

*Избери едно и пополни ја апликацијата.

Дали сте претставник на :

1. Семејно земјоделско стопанство

2. Здруженија / Oрганизација

 

 

 

0