Националниот комитет за семејно земјоделство претставува неформална платформа формирана од страна на Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, Мрежа за рурален развој на РМ и Федерација на Фармерите на РМ.
Целта на комитетот е да ги адресира сите предизвици и потреби на формални и неформални семејни земјоделства во Република Македонија, да ги сублимира и артикулира нивните ставови и потреби и да ги претстави пред сите заинтересирани страни.
Оваа платформа е отворена за членство за сите заинтересирани правни и физички лица.
На следниот линк можете да ја пополните регистрацијата за членови.