Соопштенија

Средба фармери и ЕУ делагација во гостиварско – тетовскиот регион

Posted by:

НФФ организира средба на фармерите од тетовско – гостиварскиот регион со ЕУ делегацијта

Национална федерација на фармери во соработка со Институтот за развој на заедниците организра денеска средба со земјоделците и руралното население со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија во општинската сала во Гостивар, каде што се разговараше за подршката што ја дава ЕУ за Македонија. На самата средба претставниците на Европската унија се информираа од граѓаните за проблемите, предизвици и нивни препораки за подршки кои се неопходни за развој на овој. Од страна на земјоделците беа истакнати проблемите кои ги имаат со легализација на мандрите и сточарските фарми, кои преставуваат и проблем за нивен развој од една страна и пречка за апликација во ИПАРД програмата. Беше укажано дека им се потребни водоводни мрежи, затворени системи за наводнување, справување со неконтролиран увоз на пестициди и хербициди, лоша инфраструктура и потреба за изградување на канализациони мрежи и патишта не само локални и регионални туку и рурални патишта по самите полиња, каде што се движат тракторите. Проблемите со пласманот и откупните цени се најглолемите проблеми за земјоделците и посебно за гостиварско – тетовскиот регион и ги истакнаа проблемот на откуп на градинарски култури и млечни производи како што се сирење и кашкавал. Подршка на младите и жените за нивно економско јакнење и развој.
На средбата од страна на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија присуствуваше г-дин Никола Бертолини, Шеф за соработка на ЕУ и г-ѓа Марга Делева, Раководител во секторот за ЕУ за земјоделство и рурален развој, а настанот беше модериран од страна на Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери.
На средбата присуствуваше и Анна Ерландсон, регионален директор на We Effect регионот Европа кои го поддржуваат развој на организацијата во насока на јакнење на гласот на земјоделците преку Федерацијата преку проектот „Институционална поддршка на НФФ“.

0